Wednesday , January 22 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Оставете го Кими на мира, тој многу добро знае што пие (ВИДЕО)

F1: Оставете го Кими на мира, тој многу добро знае што пие (ВИДЕО)

Познатата финска компанија за пијалоци Hartwall ја презентираше новата реклама  за својот пијалок Original Long Drink RTD, во која што се појавува Ф1 возачот на Ferrari, Кими Раиконен.

Кампањата за овој пијалок, кој што е комбинација од вотка и сок, беше лансирана уште минатата година под името “Оставете ме на мира”. Сега беше презентирана во Јапонија, каде што тие сакаат да го прошират својот пазар. Овој израз е инспириран од легендарниот разговор преку тимскиото радио на Lotus F1 и нивниот тогашен возач Кими Раиконен, кој што се случи пред 5 години за време на Гранд При трката во Абу Даби.

Финецот беше на патот до својата прва победа со овој тим и константно добиваше инструкции од тимот преку радиото. На крај, Кими се изнервира толку многу, што им возврати со следниве зборови: “Оставете ме на мира, многу добро знам што правам.” , по што стигна до победата на оваа трка.

Па, да го погледнеме Кими како промотер на овој популарен фински пијалок:

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *