Wednesday , January 22 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Поради “грешката” на Волф, Хамилтон бара од Mercedes 60 милиони по сезона!

F1: Поради “грешката” на Волф, Хамилтон бара од Mercedes 60 милиони по сезона!

Луис Хамилтон им е лут на Mercedes бидејќи се обиделе да потпишат договор со Себастијан Фетел и Макс Ферстапен, па затоа им бара 60 милиони долари по сезона за да го продолжи договорот со нив.

Хамилтон, кој што во последните четири сезони освои три шампионски титули со Mercedes, на крајот од оваа сезона останува без работен ангажман во Формула 1. Тој е во преговори со својот тим Mercedes и гласините велат дека им бара 60 милиони долари по сезона за обновување на договорот.

Во текот на сезоната 2017, кога Фетел и Ферстапен ги немаа продолжено договорите со своите тимови, тимскиот шеф на Mercedes се обидел да потпише договор со овие двајца врвни возачи. Тото Волф сакал да ангажира барем еден од нив како замена за Ботас од почетокот на оваа сезона. Овие преговори не траеле долго, по што Mercedes се решиле да го продолжат договорот со Ботас на само една сезона и да чекаат подобра можност за сезоната 2019-та.

Кога Хамилтон слушнал за овој неуспешен обид на Mercedes, бил многу нервозен и затоа се решил да ја крене својата цена на 60 милиони долари по сезона.

Советникот на Red Bull Racing, др. Хелмут Марко вели дека Mercedes направиле голема грешка кога се обиделе да потпишат договор со Фетел и Ферстапен:

“Тоа беше голема грешка на Тото. Тој се обиде да потпише договор со Фетел и Ферстапен, но и двајцата го одбија. Тоа го поттикна Луис да ја крене својата цена. Ние никогаш не би му платиле толку голема сума. Затоа и го создадовме нашиот јуниорски тим во Ф1. Им дадовме шанса на Фетел, Рикардо, Ферстапен, наместо да им плаќаме голема сума на Алонсо и Хамилтон. Договорите со нашите возачи се само на 20 страници хартија…”

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *