Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / F1: Првите фотографии од Toro Rosso Honda

F1: Првите фотографии од Toro Rosso Honda

Torro Rosso Honda ја објави првата фотографија од својот нов болид, кој што ќе биде официјално претставен по четири дена.

Денес, Toro Rosso го изведе пробниот тест на својот нов болид STR13, првиот со агрегатот на Honda. Ова пробно возење се случи на патеката Каталуња во Барселона, каде што следната недела ќе започне првиот предсезонски тест. Тие најпрво објавија видео од денешниот тест, на кое што можеше само да се слушне, но не и да се види SRT13.

Но, откако протече првата шпионска фотографија од новиот болид на Toro Rosso, тимот се реши да објави официјална фотографија која што е малку заматена, но сепак може да се види целиот дизајн на SRT13.

“Зошто да се задоволите со протечена фотографија, кога можете да добиете оригинална.” – напишаа Toro Rosso под фотографијата на нивниот официјален профил на Твитер.

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *