Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Претседателот на ФИА одговори на критиките упатени кон “Хејло” безбедносниот систем

F1: Претседателот на ФИА одговори на критиките упатени кон “Хејло” безбедносниот систем

Претседателот на ФИА, Жан Тод, возврати на критиките упатени кон “Хејло” безбедносниот систем.

По претставувањето на новите болиди, првата генерација со интегриран “Хејло” безбедносен систем, тимскиот шеф на Merdedes F1 изјави дека би го отстранил од болидот со моторна пила поради лошиот изглед. Сепак, Тод има поразлично мислење:

“Не можам да ги разберам изјавите на некои луѓе кои што велат: моторспортот е опасен спорт и ако се случи несреќа, нека се случи. Можете ли да замислите како би се чувствувале сите ние доколку се случи некоја несреќа која што можела да биде спречена со “Хејло”, а ние не сме го вовеле во Ф1.” – изјави Тод.

“Не мислам да ја коментирам изјавата на Тото Волф, тимскиот шеф на Mercedes. Мислам дека е многу неприкладно за некој што е инволвиран во Формула 1 јавно да критикува нешто што веќе е воведено во спортот. Сигурен сум дека во следните неколку години ќе најдеме подобро решение.” – додаде тој.

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *