Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / F1: Пропаднаа плановите на Ф1 за подобрување на можностите за претекнување од следната сезона
(L to R): Lewis Hamilton (GBR) Mercedes AMG F1 W09 and Kimi Raikkonen (FIN) Ferrari SF71H at the start of the race. 25.03.2018. Formula 1 World Championship, Rd 1, Australian Grand Prix, Albert Park, Melbourne, Australia, Race Day. - www.xpbimages.com, EMail: [email protected] - copy of publication required for printed pictures. Every used picture is fee-liable. © Copyright: Charniaux / XPB Images

F1: Пропаднаа плановите на Ф1 за подобрување на можностите за претекнување од следната сезона

Состанокот на Работната Група на Формула 1 во Бахреин заврши неуспешно при обидот да се изнајде решение за подобрување на можностите за претекнување во сезоната 2019-та.

По разочарувачката трка во Австралија поради малиот број на претекнувања, ФИА се реши да ги свика тимовите од Формула 1 за да се пронајде начин за подобрување на можностите за претекнување – правила кои што би стапиле на сила експресно, од почетокот на следната сезона. За да можат да стапат на сила од почетокот на 2019-та, овие правила треба да бидат донесени најдоцна до крајот на овој месец.

Беа понудени две измени: Поголемо подвижно задно крило, кое што е дел од DRS системот, и поедноставување на предното крило, кое што прави големи проблеми создавајќи “нечист” воздух за болидот што следи и се обидува да претекне.

Како и да е, тимовите не се согласиле со оваа промена бидејќи мислат дека веќе е доцна да се прават такви промени за следната сезона. А што се однесува за сезоната 2020-та, не е исплатливо да се прават било какви промени поради финансиски причини бидејќи од сезоната 2021 ќе има голема промена на техничките правила во овој спорт.

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *