Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Раиконен: Можевме да бидеме уште побрзи на тестирањата

F1: Раиконен: Можевме да бидеме уште побрзи на тестирањата

И покрај тоа што Ferrari постави неофицијален рекорд на патеката Каталуња за време на претсезонските тестирања, Раиконен вели дека неговиот тим можел да биде уште побрз.

На претпоследниот ден од тестирањата во Барселона, Фетел извози БРЗ КРУГ со време од 1:18.047, што претставува неофицијален рекорд на патеката. Следниот ден неговиот тимски колега Раиконен беше најбрз и неговото остварување беше за околу една десетинка поспоро од рекордот на Фетел.

“Сигурен сум дека доколку сакавме да бидеме побрзи, можевме да бидеме, но тоа нема никакво значење на тестирањата. За две недели сите ќе знаеме каде се наоѓаме во однос на нашите конкуренти. Дотогаш само можеме да нагаѓаме, како што нагаѓавме пред почетокот на тестирањата.” – изјави Раиконен.

“Секогаш има работи што може и треба да се подобрат и доколку се обидевме да бидеме побрзи, можевме да го направиме тоа. Се на се, нашиот болид е многу добар како комплетен пакет и е многу лесен за возење.” – додаде Финецот.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *