Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / F1: Раиконен се извлече без казна за инцидентот со Ботас

F1: Раиконен се извлече без казна за инцидентот со Ботас

Стујардите на Австралиското Гранд При решија да не превземаат никаква акција против Кими Раиконен поради инцидентот со Валтери Ботас.

Инцидентот се случи за време на вториот слободен тренинг на Австрлиското Гранд При, кога возачот на Ferrari го заврши својот БРЗ КРУГ и се враќаше назад во гаражата. Тогаш, возачот на Mercedes го возеше својот БРЗ КРУГ и за малку ќе се судреше со Раиконен.

Во свикот број 3, Раиконен беше во средината на патеката за да ја ослободи внатрешната тркачка линија и за да му направи простор на Ботас. Но, возачот на Mercedes влезе малку пошироко во овој свиок и за влакно избегна судир со својот сонародник. Сепак, тој беше принуден да излета од патеката и да помине низ тревата и песокот без да го оштети својот болид.

Во тој момент, стујардите објавија дека овој инцидент ќе биде разгледан по завршувањето на сесијата. По разгледувањето на снимките, тие одлучија дека Раиконен нема никаква вина за овој инцидент и решија да не превземат никакви санкции против него.

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *