Tuesday , August 4 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Раиконен: Тимот не ми ја кажа стратегијата на Фетел

F1: Раиконен: Тимот не ми ја кажа стратегијата на Фетел

Возачот на Ferrari, Кими Раиконен, вели дека неговиот тим не му ја кажал стратегијата на тимскиот колега Себастијан Фетел, кој што стигна до победата на првата трка во Австралија.

Раиконен е изненаден бидејќи Ferrari не го информирале за победничката стратегија на Фетел, но е задоволен што успеа да се искачи на подиумот заедно со својот тимски колега. Денешната трка во Австралија, Финецот ја започна од 2-та позиција и со својот агресивен старт вршеше притисок врз освојувачот на пол-позицијата, Луис Хамилтон. Но благодарение на стратегијата на неговиот тим, на крајот од трката падна на 3-тата позиција.

“Немав баш голема среќа, ама што можеше да се направи? За среќа, Фетел беше тој што му се посреќи и барем победата е на нашиот тим. Имав добра брзина во текот на целата трка, но многу е тешко претекнувањето на оваа патека. Потоа, се решив да го следам Луис и да пробам да го претекнам низ боксот. На крајот, мојата стратегија беше неуспешна.” – изјави Раиконен.

Кога беше запрашан дали бил изненаден од стратегијата на Фетел, Кими одговори:

“Не баш. Она што ме изненади е тоа што тимот не ми ја кажа неговата стратегија преку радиото. Неговата стратегија беше најдобра и не ме изненади, ме изненади што тимот не ми кажа што се случува.”

 

 

 

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *