Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / F1: Ралф Шумахер е горд поради успешното деби на неговиот син во Ф4

F1: Ралф Шумахер е горд поради успешното деби на неговиот син во Ф4

Дејвид Шумахер, синот на Ралф и внукот на Михаел, имаше успешно деби во Формула 4 во Дубаи.

За време на првиот Ф4 викенд во Дубаи беа извозени 4 трки и на сите од нив Дејвид успеа да се искачи на подиумот, 3 од нив ги заврши на 2-та позиција и една на 3-тата. Следниот викенд, Дејвид успеа да стигне до првата победа во Ф4 шампионатот на ОАЕ.

“Имав навистина тежок викенд, но станувам се подобар и подобар. Во секоја трка се подобро и подобро го запознавам мојот болид.” – изјави Дејвид.

Неговиот татко Ралф е многу горд на успесите на својот син:

“Ова беше добар тркачки викенд за Дејвид. Секоја трка и секој старт се многу важни бидејќи може многу да се научи од нив. Секако дека сум горд на Дејвид и неговата прва победа со болид. Тој успеа да се опорави од инцидентот што го имаше во трката и да стигне до победата. Тој успеа да победи на вториот тркачки викенд во Ф4, што ме прави многу горд. Но мораме да имаме во предвид дека конкуренцијата во Европа е многу голема.”

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *