Wednesday , September 19 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Ривалите на Ferrari повторно протестираат против легалноста на SF-71H

F1: Ривалите на Ferrari повторно протестираат против легалноста на SF-71H

Oткако беа забранети новите ретровизори на Ferrari поради аеродинамичките додатоци прикачени за нив, нивните конкуренти повторно најдоа замерка за легалноста на нивниот болид.

Според германскиот магазин “Ауто Мотор унд Спорт” овој пат станува збор за батеријата на Ferrari. Ривалите на Ferrari планираат да поднесат жалба до ФИА на следниот Гранд При викенд во Монако.

Тие претпоставуваат дека батеријата на Ferrari има поголема моќност од дозволените 4 Мега Џули бидејќи тие нашле начин како да го измамат сензорот и со тоа да се здобијат со дополнителни 20 коњски сили во текот на квалификациите. Сепак, ова е многу сложена работа која е многу тешко да се докаже.

Секоја следна трка во која што сивите области ќе останат сиви и неразјаснети може да биде изгубена трка. Затоа ФИА мора да ги разјасни работите до следната трка во Монако.” – изјави Ники Лауда, неизвршниот директор на Mercedes.

Check Also

Маестрално возење на Вуков на Ушче; Од 13-та позиција до прва, но не и до победа…

Изминатиот викенд на уличната патека Ушче во Белград се одржа финалето на шампионатот на кружни …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *