Wednesday , May 23 2018
Home / Latest Articles / F1: Рикардо: Една победа нема да ме натера да останам во Red Bull

F1: Рикардо: Една победа нема да ме натера да останам во Red Bull

Даниел Рикардо го предупреди својот тим Red Bull Racing дека победата во Кина нема да го увери да остане во тимот од Милтон Кинс.

И покрај тоа што победи во Кина, Рикардо е повеќе од свесен дека оваа победа се должи на стратегијата на неговиот тим, а не на перформансите на болидот.

“Сакам да бидам во најдобриот болид. Мислам дека на последната трка во Кина покажав како можам да ја искористам секоја шанса што ќе ми биде дадена. Доколку успееме да победиме на уште неколку трки со Red Bull, тоа ќе биде примамливо за мене. Доколку не, тогаш ќе ги разгледам другите опции.” – изјави Рикардо.

“Очигледно е дека победите ќе ми помогнат да останам во тимот, но доколку финишираме на 6-тата позиција до крајот на оваа сезона, можам да ви кажам дека тоа не е атрактивна опција за мене.” –  додаде возачот на Red Bull.

Кога беше запрашан дали постои можност Red Bull да се замеша во битката за титулата, Рикардо одговори:

“Сеуште е рано да се каже. Победивме на една трка, но мораме да почнеме да победуваме почесто. Доколку успееме да победиме на следната трка во Баку, тогаш сигурно сме во битката.”

Check Also

MotoGP: Победа за Маркез, Довициозо и Зарко не ја завршија трката

Актуелниот Мото ГП шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, успеа да победи на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *