Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / F1: Рикардо и Red Bull најбрзи со нов рекорд на Каталуња, сагата на McLaren продолжува…

F1: Рикардо и Red Bull најбрзи со нов рекорд на Каталуња, сагата на McLaren продолжува…

Даниел Рикардо и Red Bull беа најбрзи на 2-от ден од вториот претсезонски тест на Каталуња.

Австралиецот успеа да комплетира БРЗ КРУГ со време од 1:18.047, што претставува нов рекорд на патеката Каталуња. Ова остварување беше за повеќе од една секунда подобро од минатогодишната пол-позиција на Луис Хамилтон. Тој исто така успеа да комплетира 165 круга, што беше најголема километража за еден возач во текот на денешниот ден.

Како и да е, овој ден повторно беше лош за McLaren и Фернандо Алонсо. Во текот на утринските часеви, Шпанецот успеа да извози 47 кругови и неговиот набрз беше со време од 1:19.856. потоа следеше протекување на масло, за што Mclaren реши да го промени целиот мотор. И покрај тоа што за промена на моторот се потребни околу 3 часа, Алонсо беше задржан во гаражата во текот на целиот ден. Тој успеа да се врати на патеката во последните 15 минути од денешното тестирање.

Фетел го замени Раиконен бидејќи Финецот имаше здравствени проблеми во текот на утринските часови. Попладнево, Раиконен успеа да се врати во болидот и да комплетира 46 круга.

Toro Rosso Honda продолжија со импресивниот старт на оваа сезона. Нивниот возач Хартли успеа да комплетира 118 круга и неговото најдобро остварување се најде на 5-тото место во генералниот поредок. Само возачите на топ 3 тимовите беа побрзи од него.

Утре е претпоседниот ден од предсезонските тестирања во Шпанија…

Резултати од вториот ден од вториот претсезонски тест во Ф1

  1. Даниел Рикардо, Red Bull – 1:18.047, 165 круга, хипер-меки гуми
  2. Луис Хамилтон, Mercedes – 1:18.400, 90 круга, ултра-меки гуми
  3. Валтери Ботас, Mercedes – 1:18.560, 82 круга, ултра-меки гуми
  4. Себастијан Фетел, Ferrari – 1:19.541, 66 круга, меки гуми
  5. Брендон Хартли, Toro Rosso – 1:19.823, 118 круга, ултра-меки гуми
  6. Фернандо Алонсо, Mclaren – 1:19.856, 54 круга, хипер-меки гуми
  7. Карлос Сајнц, Renault – 1:20.042, 88 круга, медиум гуми
  8. Ромен Грожан, Haas – 1:20.237, 75 круга, меки гуми
  9. Кими Раиконен, Ferrari – 1:20.242, 46 круга, меки гуми
  10. Ленс Строл, Williams – 1:20.349 , 63 круга, меки гуми
  11. Нико Хулкенберг, Renault – 1:20.758, 102 круга, супер-меки гуми
  12. Естебан Окон, Force India – 1:20.805, 130 круга, меки гуми
  13. Чарлс Леклерк, Sauber – 1:20.918, 160 круга, супер-меки гуми
  14. Сергеј Сироткин, Williams – 1:23.653, 76 круга, меки гуми

Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *