Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Рикардо негира дека веќе потпишал договор со Ferrari

F1: Рикардо негира дека веќе потпишал договор со Ferrari

Возачот на Aston Martin Red Bull Racing, Даниел Рикардо, ги негира гласините дека веќе потпишал договор со Ferrari за следната сезона.

Гласините пораснаа на почетокот од Гранд При викендот во Бахреин и тие велат дека Рикардо потпишал писмо кое што било претдоговор и кое што му гарантира договор со тимот од Маранело за сезоната 2019-та.

“Прво ќе го прашам Себ.” – се пошегува Рикардо кога беше запрашан дали навистина потпишал претдоговор со Ferrari.

“Се колнам дека не сум потпишал ништо.” – додаде тој.

Неговата изјава ја потврди и советникот на Red Bull, др. Хелмут Марко:

“Дури немало никакви разговори помеѓу Даниел и Ferrari, а камо ли пак некаков договор.”

Неговиот поранешен тимски колега од Red Bull, Себастијан Фетел, нема ништо против за повторно соединување со Рикардо:

“Бевме тимски колеги само една сезона, која што за мене беше многу лоша, а за него одлична. Како и да е, мислам дека се согласувавме добро, па затоа не би ми сметало повторно да бидеме тимски колеги. Сепак, не ги знам неговите планови за во иднина.”

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *