Возачот на Red Bull Racing, Даниел Рикардо, сака да влезе во битката за титулата како тимски колега на Луис Хамилтон во Mercedes.
Договорот на Рикардо со Red Bull истекува на крајот од оваа сезона и тој веќе објави дека преговорите за негово продолжување ќе ги стави на чекање, со цел да ги разгледа своите опции надвор од Милтон Кинс. Тој ќе ја започне својата 5-та сезона со болидот на Red Bull и до крајот на годината ќе наполни 29 години, поради што мисли дека е крајно време да најде болид со кој што ќе може да ја освои шампионската титула.
“Би сакал да се борам против Луис, без оглед на ситуацијата во тимот. Луѓето можеби ќе ме наречат лажго поради оваа изјава, но јас сакам да имам брз тимски колега поради две причини: секогаш ќе извлече повеќе од мене и тоа ќе биде поверодостојна порценка на моите возачки квалитети.” – изјави Рикардо.
“Јас сум дел од овој спорт за да победувам, но за да победувам бидејќи сум најдобар, не поради среќни околности. Доколку ја освојам шампионската титула, сакам да бидам уверен дека сум бил најдобриот во таа сезона. За да бидеш најдобар мора да се натпреваруваш против најдобрите, како што е мојот тимски колега Макс Ферстапен.” – додаде тој.