Friday , September 18 2020
Home / Latest Articles / F1: Рикардо ќе стартува прв, Ферстапен последен во Монако

F1: Рикардо ќе стартува прв, Ферстапен последен во Монако

Возачот на Aston Martin Red Bull Racing, Даниел Рикардо, успеа да ја освои пол-позицијата за утрешната Гранд При трка низ улиците на Монако.

Red Bull ja најави својата доминација во Монако уште од почетокот на овој Гранд При викенд. Но, тимскиот колега на Рикардо, Макс Ферстапен, ја пропушти можноста да ја освои пол-позицијата и да победи на утрешната трка бидејќи во третиот слободен тренинг целосно го уништи предниот дел на неговиот болид и механичарите не успеаа да го подготват до почетокот на квалификациите.

Ferrari и Mercedes едноставно немаа одговор за брзината на Red Bull низ тесните улици на Монако и Рикардо уште еднаш успеа да го собори рекордот на оваа патека. Себастијан Фетел ќе стартува од втората позиција со заостанување од 0.229 секунди. Возачот на Ferrari најмногу доцнеше во третиот сектор, каде што Рикардо го оствари најголемиот дел од својата предност. Од третата позиција со заостанување од 0.422 секунди ќе стартува Луис Хамилтон од Mercedes, пред Кими Раиконен од Ferrari. Финецот не успеа да ја постигне оптималната работна темература на своите пневматици и заостана за околу две десетинки позади својот тимски колега.

Од 5-тата позиција ќе старува вториот возач на Mercedes, Валтери Ботас, пред Естебан Окон од Force India и Фернандо Алонсо од Mclaren. Карлос Сајнц беше единствениот возач на Renault што успеа да влезе во 3-тиот дел од квалификациите и ќе стартува од 8-та позиција. Од 9-тата позиција ќе стартува Серџо Перез од Force India, а од 10-тата Пјер Гастли од Toro Rosso.

Резултати од квалификациите за Големата Награда на Монако:

Check Also

WTCR: Започнува Светскиот туринг куп; Бертон на пол позиција на Золдер

Ултра блиската борба за пол позиција со Јан Ерлахер му донесе на Натанаел Бертон прва …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *