Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Сите претекнувања на Рикардо на патот до победата (ВИДЕО)

F1: Сите претекнувања на Рикардо на патот до победата (ВИДЕО)

Да ги погледнеме сите претекнувања на Даниел Рикардо на патот до победата на денешното Кинеско Гранд При.

Возачот на Aston Martin Red Bull Racing успеа да го искористи периодот на безбедносното возило за промена на гумите и судирот на неговиот тимски колега со Фетел за да стигне до победата во Кина.

И покрај тоа што имаше голема предност поради свежите меки гуми, во однос на неговите конкуренти кои што беа со истрошени медиум, Раикардо изведе неколку добри претекнувања кои вреди да се погледнат уште еднаш. Според тоа што го видов денес, а и во досегашната негова кариера, слободно можам да кажам дека Рикардо е еден од најпрецизните и “најчистите” возачи што во овој момент се натпреварува во Формула 1.

Тој успеа да ги претекне Хамилтон, Фетел, Раиконен и на крајот Ботас, без никакви контакти и туркања од патеката. Па, да го погледнеме патот на Рикардо до неговата шеста победа во Формула 1:

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *