Wednesday , July 18 2018
Home / Latest Articles / F1: Слушнете како звучи новиот Ф1 мотор на Honda (ВИДЕО)

F1: Слушнете како звучи новиот Ф1 мотор на Honda (ВИДЕО)

Honda е последниот производител на агрегати во Формула 1 што го стартуваше својот мотор за сезоната 2018-та.

Единствениот тим што ќе ги користи агрегатите на Honda во сезоната 2018-та ќе биде Scuderia Toro Rosso. Денес, тие објавија кратко видео на Twitter на кое што покрај првото стартување на Honda RA618H, можете да ја видите и целосната конфигурација на овој агрегат.

По трите катастрофални сезони со McLaren, Honda се надева дека ќе си ја врати изгубената репутација во Формула 1. Доколку има успешна сезона со Toro Rosso, од следната сезона им се отвара можност за соработка и со Red Bull, кога истекува нивниот договор со Renault.

Дали McLaren направи фатална грешка или правилен потег со преминувањето на агрегатите на Renault? Oстанува времето да покаже…

Уживајте во звукот на Honda RA618H:

Check Also

WTCR Словакиаринг: Доминацијата на Hyundai на квалификациите, се претвори во доминација на VW групацијата на првата трка

На доста топло време денес, на патеката Словакиаринг крај Братислава се одржа првата трка од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *