Thursday , October 18 2018
Home / Latest Articles / F1: Страшниот судир помеѓу Грожан, Хулкенберг и Гастли! (ВИДЕО)

F1: Страшниот судир помеѓу Грожан, Хулкенберг и Гастли! (ВИДЕО)

Да го погледнеме инцидентот што се случи на стартот од Шпанското Гранд При што се случи помеѓу Ромен Грожан, Нико Хулкенберг и Пјер Гастли.

Најважно од се е што сите возачи кои што беа инволвирани во овој инцидент поминаа без никакви повреди и дефинитивно вината лежи кај возачот на Haas, Ромен Грожан. Стујардите на трката објавија дека инцидентот ќе биде истражен по завршувањето на трката и до објавувањето на оваа статија немаше официјални информации за било какви санкции против Грожан.

Што се случи? Додека е обидуваше да го претекне својот тимски колега Кевин Магнусен, Грожан загуби контрола над задниот дел од својот болид и се изврте на патеката. При ова извртување ги “собра” Нико Хулкенберг од Renault и Пјер Гастли од Toro Rosso Honda.

Хулкенберг беше многу гневен на Грожан и го изјави следново:

“Очигледно Грожан сака да се врти на патеката, но тоа не се прави во првиот круг од трката. Очигледно мора да поработи на себе.”

Да го погледнеме овој инцидент:

Check Also

Мартин Делев после Скопски Круг: За оваа патека потребен е сериозно подготвен автомобил!

Мартин Делев и покрај проблемите со автомобилот кои ги има низ целата година, се одлучи …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *