Wednesday , July 18 2018
Home / Latest Articles / F1: ТОП 10 најдраматични последни кругови во историјата на Ф1 (ВИДЕО)

F1: ТОП 10 најдраматични последни кругови во историјата на Ф1 (ВИДЕО)

Да ги погледнеме 10-те најдраматични последни кругови во историјата на Формула 1.

Можеби нема целосно да се согласите со изборот на 10-те најдраматични финиши во Формула 1, но ова видео беше направено од официјалнната Ф1 веб-страница и беше објавено на нивниот Youtube канал. Јас сигурно ќе се согласам со изборот на битката во последниот круг помеѓу Хамилтон и Розберг на Австриското Гранд При во 2016-тата бидејќи бев присутен на патеката и се случи буквално пред моите очи. Беше навистина спектакуларно и напнато…

Првата битка во ова видео е помеѓу Кими Раиконен и Макс Ферстапен на минатогодишното Американско Гранд При, каде што возачот на Red Bull во последните моменти од трката успеа да го претекне возачот на Ferrari за последното место на подиумот. Но, подоцна беше казнет со 10 секунди поради излегување надвор од границите на патеката додека го изведувал ова претекнување.

Следната драма се случува во далечната 1991 година, за време на Канадското Гранд При, а главни протагонисти во неа се Најџел Менсел и Нелсон Пике…

Да го погледнеме видеото, кое што сигурност ќе ви донесе возбуда во овие зимски дождливи денови:

Check Also

WTCR Словакиаринг: Доминацијата на Hyundai на квалификациите, се претвори во доминација на VW групацијата на првата трка

На доста топло време денес, на патеката Словакиаринг крај Братислава се одржа првата трка од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *