Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / F1: Тркачкото одело на Аиртон Сена оди на аукција

F1: Тркачкото одело на Аиртон Сена оди на аукција

Едно од тркачките одела на легендарниот Ф1 возач Аиртон Сена наскоро ќе биде продадено на аукција за многу голема сума.

Аиртон Сена, кој што своите 3 шампионски титули ги освои со McLaren Honda, е еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, ако не и најдобриот. За жал, Сена трагично го загуби својот живот во несреќа на Гранд При трката во Сан Марино во мај 1994 година. Тој имаше само 34 години и беше на врвот од својата тркачка кариера.

Тркачкото одело што ќе биде продадено на аукција го носеше во текот на сезоната 1987, кога го возеше болидот на Lotus Honda. Во текот на таа сезона, Сена победи на две Гранд При трки и заврши на 3-тата позиција во генералниот пласман позади Нелсон Пике и Најџел Менсел. Аукцијата ќе се одржи во Монако во месец мај, 24 години по неговата трагична смрт.

Сена го носел ова одело кога победил на Монако Гранд При и уште 7 пати во текот на таа сезона кога се искачил на подиумот, што дополнително ќе ја зголеми неговата вредност. Нема инфирмации за почетната вредност со која ќе стартува аукцијата, но во 2014 година едно од неговите тркачки одела беше продадено за 74 илјади долари!

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *