Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / F1: Фановите го нарекоа Раиконен “бесчувствителен”
08.04.2018 - Race, Kimi Raikkonen (FIN) Scuderia Ferrari SF71H retires from the race

F1: Фановите го нарекоа Раиконен “бесчувствителен”

Кими Раиконен се соочи со многу критики од фановите на социјалните мрежи карактеризирајќи го како “бесчувствителен” поради неговото однесување по вчерашниот инцидент.

По вчерашниот инцидент за време на неговата втора посета на боксот, во кој што прегази еден од механичарите, Раиконен го сопре болидот на неколку метри од боксот на Ferrari. По излегувањето од болидот, Финецот не дотрча на помош кај повредениот механичар, туку нервозно продолжи во гаражата на Ferrari.

И покрај тоа што не знаеме дали бил свесен за сериозноста на повредата, Раиконен наиде на многу критики од своите фанови на социјалните мрежи:

“Ќе ми каже ли некој зошто Раиконен не дотрча на помош кај повредениот механичар и да провери дали е се во ред?”

“Какво игнорантско мало г**** е Раиконен? Му ја скрши ногата на еден од механичарите и не погледна дали е се во ред!”

“Фактот што не беше заинтересиран за повредениот член на неговиот тим зборува сам за себе каков човек е Раиконен.”

“Тој не ни провери дали е се во ред со човекот што го прегази. Се чини дека повеќе е вознемирен што нема да ја продолжи трката, а не за повредениот механичар.”

Ова се само дел од критиките на социјалните мрежи упатени кон Кими Раиконен. Се согласувате ли и вие со овие коментари? Споделете го вашето мислење во коментарите на Facebook.

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *