Sunday , September 23 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Фетел: Младоста не може сеуште да биде изговор за Ферстапен

F1: Фетел: Младоста не може сеуште да биде изговор за Ферстапен

Себастијан Фетел мисли дека Макс Ферстапен веќе има доволно искуство во Формула 1 за да не прави грешки како денешната на трката во Кина.

Во својот обид да стигне до победата, Ферстапен имаше судир со Фетел, поради кој што и двајцата се извртеа и загубија неколку позиции. Возачот на Red Bull ја призна вината за овој инцидент, поради кој што доби казна од 10 секунди.

Го видов премногу доцна и се обидов да му оставам простор. Да бидам искрен, очекував да ме нападне многу порано. Немав намера да го задржувам бидејќи поради новите меки гуми беше многу побрз од мене. Не сакав да си ја загрозам трката поради момците кои што се позади нас.” – објаснува Фетел.

Тој веќе има големо искуство и неговата младост не треба да биде изговор. Оваков инцидент може да ви се случи и кога имате искуство од 300 Гранд При трки, но тој мора да води повеќе грижа. Многу лесно можеше да имаме оштетувања поради кои што и двајцата немаше да можеме да ја продолжиме трката.” – додаде тој.

Check Also

Викендов стартува 51-то издание на Србија Рели

Овој викенд во Врњачка Бања ќе се одржи легендарното Србија Рели, а ова е неговото …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *