Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Фетел му ја симна насмевката на Хамилтон со победа во Австралија

F1: Фетел му ја симна насмевката на Хамилтон со победа во Австралија

Возачот на Ferrari F1, Себастијан Фетел, успеа да победи на првата Гранд При трка во оваа сезона и по 100-ти пат да се искачи на подиумот.

Возачот на Ferrari успеа да го претекне освојувачот на пол-позицијата, Луис Хамилтон, благодарение на стратегијата и околностите на патеката. Фетел го искористи периодот на виртуелното безбедносно возило, кое што беше активирано поради откажувањето на Ромен Грожан од Haas F1. Оваа победа беше 100-от јубиларен подиум за возачот на Ferrari.

На стартот, Хамилтон успеа да ги задржи позади себе двајцата возачи на Ferrari се до моментот до излегувањето на безбедносното возило на патеката. Прв за промена на гумите се реши Раиконен, по што следеше реакција од Mercedes. Веднаш во следниот круг и Хамилтон го посети боксот, додека Фетел остана на патеката се до активирањето на виртуелното безбедносно возило. Хамилтон се обиде да го нападне Фетел, но мораше да се задоволи со 2-та позиција. На 3-тата позиција заврши Раиконен, пред Даниел Рикардо од Red Bull.

Благодарение на доброто возење и откажувањето на двајцата возачи на Haas F1 поради проблем со завртките на тркалата, Фернандо Алонсо успеа да се пробие до 5-тата позиција и да го оствари своето предвидување пред почетокот на оваа трка. Тој исто така го искористи и извртувањето на Макс Ферстапен во почетната фаза на трката и да се здобие со уште една позиција. Возачот на Red Bull мораше да се задоволи со 6-тата позиција.

На 7-та позиција заврши Нико Хулкенберг од Renault, потврдувајќи ја добрата форма на францускиот тим. По стартот од 15-тата позиција, Валтери Ботас од Мercedes успеа да се пробие до 8-та, пред Вандорн од McLaren и Сајнц од Renault.

Трката не успеаа да ја завршат 5 возачи: двајцата возачи на Haas, Пјер Гастли од Toro Rosso, Маркус Ериксон од Sauber и Сергеј Сироткин од Williams.

 

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *