Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / F1: Фетел победи на драматичната трка во Бахреин, 2:0 за Ferrari!

F1: Фетел победи на драматичната трка во Бахреин, 2:0 за Ferrari!

Возачот на Ferrari, Себастијан Фетел, во втората трка од оваа сезона успеа да стигне до својата втора победа по драматичната битка под рефлекторите во Бахреин.

Германецот стигна до победата залажувајќи ги Mercedes дека е на стратегија со две застанувања во боксот. Тој успеа да стигне до крајот на трката возејќи со меките гуми 15-тина кругови повеќе од планираното. На 2-та позиција заврши возачот на Mercedes AMG F1, Валтери Ботас, а на последното место на подиумот се искачи неговиот тимски колега Луис Хамилтон.

Возачот на денот беше Пјер Гестли од Toro Rosso Honda, кој што по стартот од 5-тата позиција успеа да финишира на 4-тата. Ова остварвање на Гестли е најдобриот пласман за Honda по нивното враќање во Ф1, што е уште еден показател дека главниот виновник за неуспехот на врската помеѓу Mclaren и Honda е тимот од Вокинг.

Фетел ја контролираше трката уште од стартот, додека неговиот тимски колега, Кими Раиконен, загуби една позиција од Ботас. Потоа Раконен се одржа на 3-тата позиција се до второто влегување во боксот. Поради грешка на механичарите, Финецот тргна пред време и прегази еден член од тимот што менуваше гуми. Потоа, веднаш беше повикан по радиото да сопре бидејќи не му беше променета задната лева гума. Раиконен не ја продолжи трката и оваа грешка на тимот го чинеше уште еден сигурен подиум.

Најголемото разочарување дојде во таборот на Red Bull. Нивните двајца возачи, Даниел Рикардо и Макс Ферстапен, се откажаа уште во првиот круг. Рикардо се откажа поради проблеми со електрониката на моторот, а Ферстапен поради оштетувањето на болидот од пукнатата задна гума. Младиот Холанѓанец се здоби со оваа пукнатина на гумата по “крвавиот” дуел со Хамилтон на стартот од трката.

На 5-тата позиција финишираше Кевин Магнусен од Haas, пред Нико Хулкенберг од Renault. Двајцата возачи на Mclaren, Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн, финишираа на 7-та и 8-та позиција. Топ 10 беше заокружен со Маркус Ериксон од Sauber Alfa Romeo и Естебан Окон од Force India.

Битка на врвот немаше се до последните неколку круга, кога Mercedes сфатија дека Фетел е на едно влегување во боксот. Хамилтон заостануваше повеќе од 15 секунди и единствената надеж им беше Ботас. Финецот успеа да се доближи до Фетел и да го напаѓа во последните два круга, што морам да признаам беа многу напнати и драматични, но не успеа да го претекне и да стигне до победата…

Конечни резултати од трката во Бахреин:

Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *