Thursday , October 18 2018
Home / Latest Articles / F1: Фетел: Red Bull треба да го редизајнира предното крило

F1: Фетел: Red Bull треба да го редизајнира предното крило

Себастијан Фетел беше исполнет со фрустрации по завршувањето на трката во Шпанија бидејќи финишираше на 4-тата позиција со заостанување поголемо од 27 секунди позади победникот Хамилтон.

Во првичната фаза од трката, Фетел не беше во состојба да се носи со темпото на Mercedes, а во завршната беше многу поспор и од Red Bull. Возачот на Ferrari “заглави” позади Ферстапен и не беше во состојба да го нападне и покрај фактот што возачот на Red Bull возеше со оштетено предно крило.

“Нашиот болид ги трошеше гумите многу побрзо од нашите конкуренти. Макс дури имаше оштетено предно крило и беше многу побрз од мене. Мислам дека Red Bull треба да ја отстрани аеродинамиката и од другата страна на предното крило, може да бидат уште побрзи.” – се пошегува Фетел.

“Едноставно го немавме потребното темпо уште од почетокот на трката. На крајот од трката моите гуми беа повеќе оштетени и покрај тоа што беа понови од оние на Red Bull и Mercedes. Промената на компонентите за оваа трка навистина влијаеше врз нашите перформаси.” – заклучи тој.

Check Also

Мартин Делев после Скопски Круг: За оваа патека потребен е сериозно подготвен автомобил!

Мартин Делев и покрај проблемите со автомобилот кои ги има низ целата година, се одлучи …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *