Monday , August 20 2018
Home / Latest Articles / F1: ФИА дозволи користење на повеќе гориво за повозбудливо тркање од 2019

F1: ФИА дозволи користење на повеќе гориво за повозбудливо тркање од 2019

Управното тело на Формула 1 ја зголеми границата на дозволеното количество гориво по трка со цел возачите да не бидат принудени да штедат и да притискаат до максимум.

Од почетокот на следната сезона наместо сегашните 105 килограми гориво, ќе биде дозволено користење на 110 килограми. Ова беше решено на вчерашниот состанок на Светскиот Моторспорт Совет, кој што се одржа во Париз. Оваа одлука со сигурност ќе биде добро прифатена од тимовите и нивните возачи. Според пресметките, со оваа промена возачите повеќе нема да бидат принудени да го штедат горивото и ќе можат максимално да притискаат во текот на целата трка.

Друга промена што ќе стапи на сила од следната година е разделувањето на тежината на болидот од тежината на возачот. Минималната дозволена тежина на возачите ќе биде 80 килограми. Оваа промена значи дека потешките возачи повеќе нема да бидат во подредена позиција.

Исто така од почетокот на 2019-та ќе биде задолжително носењето на биометриските ракавици, нормално од безбедносни причини.

Промената на правилата за новите мотори во Формула 1, која ќе стапи во сила од сезоната 2021-ва, ќе биде решена најдоцна до месец мај.

Check Also

WRC Германија: Танак во водство, Ожие засега без одговор (ВИДЕО)

После победата на Рели Финска, От Танак продолжи со водство и на првите брзински испити …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *