Wednesday , January 22 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: ФИА донесе одлука за легалноста на болидот на Ferrari

F1: ФИА донесе одлука за легалноста на болидот на Ferrari

Управното тело на Формула 1 вели дека болидот на Ferrari, SF71H,  е 100% легален и сите негови делови се во согласност со техничките правила на спортот.

На почетокот од овој месец се појавија гласни кои што велеа дека ФИА стапила во контакт со тимот од Маранело, со цел да ја испита легалноста на нивниот овогодишен болид Ferrari SF71H. Истрагата беше покрената од страна на Николас Томбазис, одговорниот од ФИА за одделот за аеродинамика во Ф1, кој што пред неколку години доби отказ од Ferrari.

Проблематичната работа на нивниот болид беше мапирањето на моторот, кое што поттикна сомнежи за обид за насочување на издувните гасови кон задното крило и здобивање на аеродиначка предност. Исто така се родија и сомнежи за “мистериозниот” педал што пред две трки се појави позади управувачот на Фетел. Експертите велат дека овој педал има некаква поврзаност со квачилото и е секундарна опција за негова активација.

Кога беше запрашан за легалноста на болидот на Ferrari, техничкиот делегат на ФИА, Џо Бауер, го изјави следното:

“Болидот на Ferrari е 100% легален и во согласност со техничките правила на Формула 1.”

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *