Wednesday , January 22 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: ФИА: Ferrari ќе го среди чадењето на нивниот мотор

F1: ФИА: Ferrari ќе го среди чадењето на нивниот мотор

Тркачкиот директор на Формула 1, Чарли Вајтинг, вели дека ФИА нема намера да интервенира поради чадењето на моторот на Ferrari.

Ф1 моторот на Ferrari, кој што од почетокот на оваа сезона се смета за најмоќен во овој спорт, кога го стартуваат испушта големо количество чад. Причината за овој чад е согорување на масло, што овозможува поголема моќност.

“Секогаш се гушиме во нашата гаража кога Ferrari ги стартуваат своите болиди. ФИА треба да ги испита работите и да превземе нешто.” – изјави Ники Лауда, неизвршниот директор на Mercedes AMG F1 тимот, чија што гаража се наоѓа веднаш до онаа на Ferrari бидејќи минатогодишниот шампионат овие два тима го завршија на првата и втората позиција.

Сепак, Чарли Вајтинг вели дека ФИА нема да превземе ништо бидејќи сите проверки покажале дека моторот на Ferrari не троши повеќе масло од дозволените 1.3 литри на 100 километри. Што се однесува до чадењето, тој изјави.

“Сигурен сум дека ќе најдат начин да го решат проблемот со чадењето.”

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *