Wednesday , May 23 2018
Home / Latest Articles / F1: Формула 1 ќе ја ограничи употребата на телеметријата

F1: Формула 1 ќе ја ограничи употребата на телеметријата

Големо ограничување на телеметријата е еден од плановите на одговорните во Формула 1 што ќе стапат на сила од 2021 година, со кој што сакаат да ја зголемат возбудата во овој спорт.

Шефовите на Формула 1 сакаат да го намалат количеството на телеметрија што може да ја добијат тимови од сезоната 2021-ва, во обид да им дадат поголема контрола на возачите и да овозможат поголема непредвидливост. Сево ова се прави со цел да се врати возбидата во овој спорт.

Од извори блиски до Ф1 дознаваме дека официјалните претставници на Ф1 тимовите биле информирани за време на состанокот со шефовите на Ф1 во Бахреин дека за 2021 година е планирано строго ограничување на нивото на телеметрија и дозволата за стекнување на податоци, кога што се планира да стапи на сила со следното преиспитување на техничките прописи.

Со ограничувањето на телеметријата не само што возачите ќе имаат поголем удел во возењето, туку ќе се зголеми и бројот на дефектите на болидите, со што трките ќе бидат повозбудливи и понепредвидливи. Сепак, тоа нема да се направи на штета на безбедноста во овој спорт. Овој потег исто така ќе го направи спортот поразбирлив за фановите, што треба да ја зголеми неговата гледаност.

Check Also

MotoGP: Победа за Маркез, Довициозо и Зарко не ја завршија трката

Актуелниот Мото ГП шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, успеа да победи на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *