Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Ф1 болидите во 2019-та ќе бидат поспори за 1.5 секунди по круг!

F1: Ф1 болидите во 2019-та ќе бидат поспори за 1.5 секунди по круг!

Поради промената на правилата со цел да се олесни претекнувањето во Формула 1, Ф1 болидите за следната сезона ќе бидат за 1.5 секунди поспори од овогодинешните.

Ова го тврди техничкиот директор во ФИА за Формула 1, Николас Томбазис.

На почетокот од овој месец беше потврдено дека Ф1 тимовите се согласиле за промена на аеродинамичките правила во Формула 1, со цел да се подобрат условите за претекнување. Промените се однесуваат на предното крило, каналите за ладење на сопирачките и на задното крило.

“Очекуваме овие промени на правилата да ги успорат сегашните болиди за околу 1.5 секунди по круг. Тешко е точно да се предвиви развојот на Ф1 тимовите, но сигурни сме дека ќе загубат дел од своите перформанси.” – изјави Томбазис.

“Ги поканивме сите Ф1 тимови да направат свои симулации и повеќето од нив земаа активно учество, за што сме им многу благодарни. Сепак, нивните резултати беа различни и затоа не можеме да извлечеме заклучок. Доколку не ја направевме оваа промена, нашите предвудувања беа дека тркањето ќе беше многу полошо во текот на следните две сезони. Затоа мораше да дојде до оваа промена.” – додаде тој.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *