Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / F1: Хамилтон никогаш нема извозено совршен БРЗ КРУГ

F1: Хамилтон никогаш нема извозено совршен БРЗ КРУГ

Луис Хамилтон вели дека никогаш не успеал да комплетира совршен БРЗ КРУГ во Формула 1, но и не сака да го направи тоа.

Четририкратниот Ф1 шампион во текот на минатата сезона го надмина рекордот за пол-позиции, кој што го држеше легендарниот Аиртон Сена. Сепак, тој признава дека никогаш не успеал да комплетира совршен БРЗ КРУГ во текот на неговата Ф1 кариера.

Никогаш досега не сум комплетирал совршен БРЗ КРУГ. Совршен БРЗ КРУГ? Не, и тоа е она највеличенственото во овој спорт – никогаш не си совршен.” – изјави Хамилтон.

Можно е да дојдеш близу до тоа. Но замилете во сите тие 30000 БРЗи КРУГови досега, да сум извозил совршено 1000 до 10000 пати. Тоа би било многу здодевно. Доколку сте совршени во играта што ја играте, тогаш тоа би било многу здодевно. Ќе загубите мотивација бидејќи е премногу лесно. Секогаш ќе се стремите кон нешто потешко, но нема друга тркачка серија подобра од Формула 1. Па затоа доколку бев совршен, ќе беше навистина здодевно.” – заклучи тој.

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *