Wednesday , December 12 2018
Home / Latest Articles / F1: Хамилтон признава дека возел лошо на трката во Кина

F1: Хамилтон признава дека возел лошо на трката во Кина

Луис Хамилтон признава деке имал многу лоши перформанси на трката во Кина и неговото возење го нарече “катастрофално”.

Возачот на Mercedes и актуелен шампион, Кинеското Гранд При го започна и го заврши на 4-тата позиција и во ниту еден момент не учествуваше во битката за победа.

Бев изгубен и немав добро темпо. Во текот на целата трка само се обидував да ја задржам позицијата на која што се наоѓав. Имав тешка битка и морам да кажам дека имавме лоши перформанси. Не само јас туку и мојот тим.” – изјави Хамилтон.

Ќе морам да се соземам и да се вратам во добра форма. Во спротивност, ќе продолжиме да губиме драгоцени поени во битката за титулата.” – додаде тој.

Се него се согласи и неговиот тимски шеф, Тото Волф:

Имавме многу лош викенд и можам да кажам дека бевме трет или четврти тим во поредокот. Мораме да се соземеме. Мислам дека Ботас ја заслужи победата на оваа трка. Возеше одлично, но среќата не беше на негова страна. Red Bull имаа најдобра стратегија и целосно ја заслужија оваа победа.

Check Also

WTCR: Hyundai ги потврди четирите возачи за следната сезона

После кратките шпекулации за тоа кој ќе биде дел од силниот тим кој победува, сега …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *