Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Хамилтон се сомнева дека Mercedes ќе може да го предизвика Ferrari

F1: Хамилтон се сомнева дека Mercedes ќе може да го предизвика Ferrari

Актуелниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон, се сомнева дека неговиот тим ќе може да го предизвика Ferrari на утрешната трка во Кина.

Двата болиди на Mercedes утрешната трка во Кина ќе ја започнат од вториот стартен ред. Тие имаат големи проблеми со постигнувањето на оптималната работна температура на гумите, па затоа Хамилтон се сомнева во нивното учество во битката за победата.

“Ова е една од 3-те патеки во Формула 1 на која што може многу лесно да се претекнува, но мислам дека ќе биде многу тешко за нас бидејќи Ferrari се премногу брзи на долгите правци. Ќе биде интересно. Утре температурата на патеката ќе биде многу повисока, па ќе видиме дали ќе можеме да ги предизвикаме во битката за победата.” – изјави Хамилтон.

“Бевме побрзи од нив на последната трка во Бахреин, но Фетел успеа да ја задржи водечката позиција и да стигне до победата. Мислам дека и на утрешната трка ќе го направат истото.” – заклучи актуелниот Ф1 шампион.

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *