Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / F1: Хамилтон: Mercedes нема да бидат најбрзи во Австралија!

F1: Хамилтон: Mercedes нема да бидат најбрзи во Австралија!

Возачот на Mercedes AMG F1 и актуелен Ф1 шампион, Луис Хамилтон, со шокантна изјава на само една недела пред почетокот на новата сезона.

По 8-дневното тестирање во Барселона, што заврши пред една недела, Хамилтон вели дека Aston Martin Red Bull Racing ќе го имаат најбрзиот болид на првата трка во Австралија. И покрај тоа што Хамилтон е фаворит за освојување на годинешната титула, тој има поинаков поглед на работите. Вчера, тој ја даде следнава изјава:

“Мислам дека Red Bull се најбрзи во овој момент. Тие очекуваат надградба за на првата трка во Австралија со која што ќе бидат побрзи за две до четири десетинки по круг. Тоа е она што го слушнав како информација и мислам дека е точна. Вистинскиот Red Bull ќе го видиме на првиот тренинг во Австралија.”

“Мислам дека оваа година ќе биде навистина возбудлива бидејќи минатата имавме големи разлики помеѓу тимовите, но тие многу се намалија до крајот на сезоната. Ќе видиме многу промени во текот на сезоната во зависност од тоа кој побрзо ќе го развива својот болид.”

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *