Wednesday , May 23 2018
Home / Latest Articles / F1: 40 денови до почетокот на Ф1 сезоната, 40 победи од пол-позиција за Шумахер и Хамилтон (ВИДЕО)

F1: 40 денови до почетокот на Ф1 сезоната, 40 победи од пол-позиција за Шумахер и Хамилтон (ВИДЕО)

Продолжуваме со одбројувањето до почетокот на Формула 1 сезоната 2018-та…

Со нетрпрние го очекуваме почетокот на новата Формула 1 сезона за да видиме дали Ferrari ќе успее да го победи Mercedes и да ја прекине 4-годишната доминација на овој тим. Од друга страна ги имаме Red Bull и Mclaren, кои што се надеваат дека имаат добра аеродинамика и дека моторот на Renault ќе им овозможи да се замешаат во битката за титулата.

Многу работи ќе бидат појасни дури во Мелбурн, а до тогаш има уште точно 40 денови, поради што денешното видео е во знакот на бројот 40. Михаел Шумахер и Луис Хамилтон имаат по точно 40 Гранд При победи во трки што ги започнале од пол-позиција.

Следново видео е во нивна чест и ќе ја погледнеме најголемата битка помеѓу нив на Монца во 2011-тата:

Check Also

MotoGP: Победа за Маркез, Довициозо и Зарко не ја завршија трката

Актуелниот Мото ГП шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, успеа да победи на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *