Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / F1: 5 Причини поради кои Ф1 сезоната 2018-та ќе биде многу интересна!

F1: 5 Причини поради кои Ф1 сезоната 2018-та ќе биде многу интересна!

Пред почетокот на сезоната 2018-та ќе се обидеме да ви ги издвоиме главните причини поради кои што ќе вреди будно да го следните Ф1 шампионатот.

  1. Битката помеѓу Хамилтон и Фетел

И оваа година ќе имаме среќа бидејќи во Ф1 ги имаме двајца од најуспешните и најдобрите возачи во историјата на овој спорт. Знаците кои што пристигаат од Маранело велат дека во Ferrari успеале да го подобрат моторот и дека ќе бидат многу поблизу до Mercedes. Сетете се само на минатата сезона кога Ferrari и Mercedes имаа блиски битки во квалификациите и во трките… не очекува возбудлива сезона!

  1. Трет ривал во битката за титулата

Доколку од Renault успеат да подготват добар и издржлив агрегат кој што ќе може да им парира на Ferrari и Mercedes, тогаш момците од Red Bull на чело со Макс Ферстапен сигурно ќе се замешаат во битката за титулата.

  1. Конкурентен McLaren

По трите лоши сезони со Honda, Мclaren реши да го промени својот агрегат и потпиша договор со Renault. Сите информации од телеметријата велат дека тие имаат многу конкурентна шасија и дека е се многу близу до онаа на Red Bull. Нивниот главен адут е Фернандо Алонсо, па доколку Renault ги исполни очекувањата, тогаш сигурно ќе го видиме Шпанецот во битката за место на подиумот.

  1. Раѓање на нови супер-ѕвезди

Оваа сезона ќе имаме можност да го гледаме дебито на уште еден “продукт” на јуниорската академија на Ferrari. Станува збор за новиот возач на Sauber Alfa Romeo, Чарлс Леклерк. 19-годишниот Чарлс е најмладиот Ф2 шампион во историјата на овој спорт и е првиот возач по Нико Хулкенберг во 2009-тата, што успеал да ја освои титулата во својата дебитантска сезона. Според она што лично го имам видено, можам да ви кажам дека станува збор за талент од калибарот на Ферстапен, Хамилтон и Фетел.

  1. Празни седишта во врвните тимови за сезоната 2019-та

На Кими Раиконен од Ferrari и Валтери Ботас од Mercedes им истекува договорот на крајот од следната сезона, поради што ќе треба добро да се потрудат за да го задржат своето седиште. Многу возачи се во игра за овие две врвни седишта: Даниел Рикардо, Паскал Верлаин, Серџо Перез, Ромен Грожан, Чарлс Лекрек… не очекува навистина возбудлива сезона!

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *