Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / F1: 7 совети на Фернандо Алонсо за младите возачи (ВИДЕО)

F1: 7 совети на Фернандо Алонсо за младите возачи (ВИДЕО)

Сите млади возачи кои што сакаат да станат успешни на било кое ниво во моторспортот, мора да слушаат и да учат од најдобрите.

Фернандо Алонсо е еден од најдобрите возачи на денешницата. Покрај Формула 1, двократниот Ф1 шампион оваа сезона ќе се натпреварува и во WEC шампионатот. Од своето долгогодишно тркачко искуство, Алонсо ги издвои следниве 7 совети како најважни за успехот на еден возач во светот на моторспортот:

    1. Морате да уживате во тркањето, тоа да биде ваша желба, a не на вашите родители
    2. Морате да започнете со тркање во картинг шампионатите, каде што ќе стекнете многу корисно искуство
    3. Морате да владеете со брзите свиоци, за возење во нив е потребно многу големо искуство
    4. Морате да вежбате пререкнување, да го проучувате возењето на вашите противници за да знаете каде да ги нападнете
    5. Морате да знаете добро да стартувате во трките, повеќето трки се решаваат на стартот
    6. Морате да тренирате на силулаторите, за подобро да ја запознаете патеката
    7. Морате да научите да соработувате со инженерите бидејќи живееме во ера на технолигијата.

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *