Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Alfa Romeo Sauber доби нов шеф на одделот за аеродинамика
Charles Leclerc (MON) Sauber C37. 07.03.2018.

F1: Alfa Romeo Sauber доби нов шеф на одделот за аеродинамика

Откако помина 5 години како одговорен во моторспорт одделот за аеродинамика во Audi, Јан Моншо e назначен за шеф на одделот за аеродинамика во Alfa Romeo Sauber F1 тимот.

Alfa Romeo Sauber објави дека Јан Моншо e новиот шеф на одделот за аеродинамика и дека ќе работи под надлежност на техничкиот директор Јорг Зандер. Неговото назначување е дел од реструктуирањето на овој тим по доаѓањето на новиот генерален спонзор.

Моншо последните 5 години ги помина работејќи во Audi Sport како одговорен на одделот за аеродинамика, играјќи голема улога во LMP1 (Ле Ман 24 Часа) и Formula E проектите на овој германски производител. Тој исто така има предходно работно искуство во Toyota и Ferrari.

Моншо ќе започне со работа во Alfa Romeo Sauber F1 тимот веќе на следниот Гранд При викенд во Бахреин.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *