Wednesday , May 23 2018
Home / Latest Articles / F1: Ferrari го има најмоќниот мотор во Формула 1!
Autodromo Nazionale di Monza, Italy. Thursday 31 August 2017 Didier Perrin, Ross Brawn and Charlie Whiting with the new F2 engine. Photo: Sam Bloxham/FIA Formula 2 ref: Digital Image _W6I1968

F1: Ferrari го има најмоќниот мотор во Формула 1!

Според последните информации од добро упатените во Формула 1, Ferrari го има најмоќниот мотор во овој спорт.

Од почетокот на новата турбо-хибридна ера во Формула 1, без сомнение моторот на Mercedes беше најмоќниот и најиздржливиот. Но герменскиот магазин “Ауто Мотор унд Спорт” тврди дека Ferrari успеале да ги стигнат, па дури и да ги надминат перформансите на Mercedes.

“GPS мерењата покажуваат дека во однос на перформансите на моторот, Ferrari успеа да го стигне Mercedes. Mercedes успеа да го зголеми животниот век на моторот од 5000 на 8000 километри, но во текот на зимата Ferrari успеа да пронајде уште повеќе моќ.” – пишува “Ауто Мотор унд Спорт”.

Ова го потврди и Себастијан Фетел со следната изјава:

“На долгите правци повеќе не губиме време во однос на Mercedes.”

Германскиот магазин исто така вели дека поради построгите правила од почетокот на оваа сезона, Mercedes се вратиле на спецификациите за трошење на маслото во моторот од сезоната 2016-та. Од друга страна пак, Ferrari се решиле да го извлечат максимумот од користењето на маслото, од каде што се претпоставува дека доаѓа дополнителната сила во нивниот мотор.

Check Also

MotoGP: Победа за Маркез, Довициозо и Зарко не ја завршија трката

Актуелниот Мото ГП шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, успеа да победи на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *