Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / F1: Ferrari го окупираше првиот стартен ред во Кина

F1: Ferrari го окупираше првиот стартен ред во Кина

Возачите на Ferrari, Себастијан Фетел и Кими Раиконен беа најбрзи во третиот дел од квалификациите за Кинеското Гранд При.

И покрај тоа што Раиконен беше побрз од Фетел во првите два сектори, Германецот успеа да извози совршено во последниот сектор и да ја освои пол-позицијата за Кинеското Гранд При со предност од само 0.084 секунди. Ова беше 52-та пол-позиција за Фетел, 4-та на патеката Шангај Интернешнл во Кина.

Со огромно заостанување од половина секунда позади Ferrari, oд 3-тата и 4-тата позиција ќе стaртуваат двајцата возачи на Mercedes, Валтери Ботас и Луис Хамилтон. И покрај тоа што имаат побрз болид, Mercedes не успеаа да го извлечат максимумот од ултра-меките гуми поради релативно ниските температури во Кина.  Возачите на Ferrari и Mercedes утрешната трка ќе ја започнат со меки гуми.

Од 3-тиот стартен ред ќе стартуваат возачите на Aston Marin Red Bull Racing, Макс Ферстапен и Даниел Рикардо. Тие се решија за поразлична стратегија од возачите на Ferrari и Mercedes. Утрешната трка ќе ја започнат со ултра-меките гуми, што ветува навистина интересна трка во поглед на стратегијата на врвните три тима.

Од 7-та позиција ќе стартува Нико Хулкенберг од Renault, пред Серџо Перез од Force India. Топ 10 беше заокружен со Карлос Сајнц од Renault и Ромен Грожан од Haas. Возачите на McLaren, Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн, повторно не успеаа да влезат во третиот дел од квалификациите и утрешната трка ќе ја заpочнат од 13-тата и 14-тата позиција.

Резултати од квалификациите за Кинеското Гранд При:

  1. Себастијан Фетел Ferrari 1:31.095
  2. Кими Раиконен Ferrari +0.087
  3. Валтери Ботас Mercedes +0.530
  4. Луис Хамилтон Mercedes +0.580
  5. Макс Ферстапен Red Bull Racing +0.701
  6. Даниел Рикардо Red Bull Racing +0.853
  7. Нико Хулкенберг Renault +1.437
  8. Серџо Перез Force India +1.663
  9. Карлос Сајнц Renault +1.724
  10. Ромен Грожан Haas +1.760
  11. Кевин Магнусен Haas 1:32.986
  12. Естебан Окон Force India 1:33.057
  13. Фернандо Алонсо McLaren 1:33.232
  14. Стофел Вандорн McLaren 1:33.505
  15. Брендон Хартли Toro Rosso 1:33.795
  16. Сергеј Сироткин Williams 1:34.062
  17. Пјер Гестли Toro Rosso 1:34.101
  18. Ленс Строл Williams 1:34.285
  19. Чарлс Леклерк Sauber 1:34.454
  20. Маркус Ериксон Sauber 1:34.914

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *