Wednesday , January 22 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Ferrari и Фетел најбрзи, McLaren и Red Bull со проблеми на првиот ден од вториот тест

F1: Ferrari и Фетел најбрзи, McLaren и Red Bull со проблеми на првиот ден од вториот тест

Ferrari и Себастијан Фетел беа најбрзи и поминаа најголема километража на првиот ден од вториот тест на Каталуња, додека Red Bull и McLaren се соочија со проблеми.

Додека Фетел успеа да извози 167 кругови со својот Ferrari SF71H и да оствари најБРЗ КРУГ со време од 1.20:396 на медиум гуми, болидот на McLaren беше натоварен на камион и вратен во гаражата откако во текот на денешниот ден се расипа 3 пати.

И Red Bull Racing беше тимот што предизвика едно црвено знаме во текот на попладневните часеви, кога Макс Ферстапен беше принуден да го паркира својот болид покрај патеката во свиокот број 1. Сепак, Ферстапен успеа да извози 127 кругови и да постави 3-то најдобро време, додека McLaren останаа претпоследни на временската листа со комплетирани само 38 круга.

И Toro Rosso се соочија со проблеми за прв пат на предсезонските тестирања. Како причина за отсуството од патеката во попладневните часеви го наведоа проблемот со сопирачките. Сепак, нивниот возач оствари 5-то најдобро време, само возачите на топ 3 тимовите (Ferrari, Mercedes и Red Bull) беа побрзи од него.

Уште еден тим имаше проблеми на денешниот тест, а тоа беше Haas F1. Нивниот проблем беше ERS-системот, но Магнусен успеа да комплетира солидна километража и да оствари 6-то најдобро време.

Резултати од првиот ден од вториот предсезонски тест во Формула 1:

1) Себастијан Фетел, Ferrari, 168 круг, медиум гуми – 1:20.396

2) Валтери Ботас, Mercedes, 86 круга, меки гуми – 1:20.596

3) Макс Ферстапен, Red Bull, 127 круга, медиум гуми – 1:20.649

4) Луис Хамилтон, Mercedes, 88 круга, меки гуми – 1:20.808

5) Пјер Гасли, Toro Rosso, 54 круга, меки гуми – 1:20.973

6) Кевин Магнусен, Haas, 93 круга, меки гуми – 1:21.298

7) Нико Хулкенберг, Renault, 48 круга, медиум гуми – 1:21.432

8) Карлос Сајнц, Renault, 91 круг, меки гуми – 1:21.455

9) Сергеј Сироткин, Williams, 42 круга, меки гуми – 1:21.588

10) Серџо Перез, Force India, 87 круга, меки гуми – 1:21.643

11) Маркус Ериксон, Sauber, 118 круга, супер-меки гуми – 1:21706

12) Стофел Вандорн, McLaren, 38 круга, супер-меки гуми – 1:21.946

13) Ленс Строл, Williams, 83 круга, меки гуми – 1:22.937

 

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *