Wednesday , May 23 2018
Home / Latest Articles / F1: Ferrari ја откри причината за откажувањето на Раиконен

F1: Ferrari ја откри причината за откажувањето на Раиконен

За време на вчерашното Шпанско Гранд При, Кими Раиконен беше принуден да се откаже од трката поради губењето на моќта во моторот на неговото Ferrari SF71H.

Во 26-тиот круг од трката, додека беше на 4-тата позиција, Кими Раиконен видно успори и го пропушти Макс Ферстапен од Red Bull. Еден круг подоцна, возачот на Ferrari беше принуден да се повлече во боксот и да се откаже од трката поради непозната причина.

По истрагата спроведена од страна на Ferrari, тимот од Маранело заклучи дека причината за откажувањето на Раиконен е дефект во турбото.

Пред почетокот на квалификациите во Шпанија, Ferrari беа принудени да го променат целиот агрегат во болидот на Раиконен поради негово откажување за време на тренинзите. Доколку биде потребна нова промена на турбото, тогаш тоа ќе биде 3-тото што ќе го користи Финецот од почетокот на оваа сезона. Имајќи ги во предвид новите правила кои што дозволуваат употреба на само 3 компоненти од секој дел на агрегатот, Раиконен сигурно ќе се соочи со казни до крајот на оваа сезона.

Check Also

MotoGP: Победа за Маркез, Довициозо и Зарко не ја завршија трката

Актуелниот Мото ГП шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, успеа да победи на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *