Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / F1: Marlboro ќе биде присутен на новиот болид на Ferrari
Germany's Michael Schumacher of the Ferrari Marlboro Team takes the hairpin during the second practice session of the Belgium Formula One Grand Prix, Friday Aug. 27, 2004. The circuit within the damp and misty Ardennes forest is one of the most challenging tracks of the season. (AP Photo/Geert Vanden Wijngaert)

F1: Marlboro ќе биде присутен на новиот болид на Ferrari

Marlboro го објави продолжувањето на партнерството со Ferrari до крајот на сезоната 2021 како дел од нивниот “преобликуван” договор со долгогодишниот партнер.

Пред почетокот на новата Ф1 сезона, Ferrari загуби голем спонзор откако банкарската групација Santander реши целосно да ја прекине соработката со тимот од Маранело. Santander го направи овој потег со цел да го пренасочи својот фокус на Лигата на Шампионите (фудбал).

Philip Morris, матичната фирма на Marlboro, го спонзорира Ferrari уште од средината на ’80-тите, но нивното лого го нема на болидот на Ferrari од 2007-мата поради забраната за рекламирање на тутунската индустрија. Сепак, тие ја продолжија соработката и Ferrari продолжи да ги прави болидите во црвено-бела боја во знак на својот спонзор.

Од почетокот на оваа сезона, Marlboro ќе биде присутен на болидот на Ferrari преку нивниот бренд за електронски цигари IQOS.

 

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *