Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / F1: Mclaren со големи проблеми и на последниот ден од тестирањето (ВИДЕО)

F1: Mclaren со големи проблеми и на последниот ден од тестирањето (ВИДЕО)

За жал, продолжуваат проблемите на Mclaren и на последниот ден од претсезонските тестирања на патеката Каталуња во Шпанија.

И покрај тоа што вчерашниот ден помина без поголеми проблеми за Mclaren и нивниот возач Стофел Вандорн успеа да комплетира 151 круг, што беа најдолгата километража извозена во еден ден во последните 4 години, проблемите за тимот од Вокинг продолжија и денес.

Само по 7 инсталациони кругови, Фернандо Алонсо беше принуден да го паркира својот Mclaren MCL33 покрај патеката во свиокот број 7, по што беа истакнати црвени знамиња. Причината за тоа беше протекувањето на масло од болидот на Шпанецот, истиот проблем со кој што се соочија пред два дена. Тогаш, тие се решија да го променат целиот мотор, за што им беа потребни 6 часа!

Дали ќе успеат да се вратат на патеката до крајот на денов, останува да видиме. Да погледнеме што се случи на патеката Каталуња и зошто Алонсо се повече од тестирањето:

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *