Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: McLaren: Ferrari го прекршија џентлменскиот договор
(L to R): Eric Boullier (FRA) McLaren Racing Director with Maurizio Arrivabene (ITA) Ferrari Team Principal. 17.04.2015. Formula 1 World Championship, Rd 4, Bahrain Grand Prix, Sakhir, Bahrain, Practice Day - www.xpbimages.com, EMail: [email protected] - copy of publication required for printed pictures. Every used picture is fee-liable. © Copyright: Batchelor / XPB Images

F1: McLaren: Ferrari го прекршија џентлменскиот договор

Тимскиот шеф на McLaren, Ерик Булие, ги обвини Ferrari за прекрушување на џентлменскиот договор со тоа што потпишаа договор со Лоран Меки, директорот за безбедност во ФИА.

Лоран Меки ќе стане дел од Ф1 тимот на Ferrari во септември, но сеуште не се знае точната функција на Французинот. Овој потег на Ferrari следи по минатогодишното ангажирање на Марчин Будковски од страна на Renault, кој што исто така имаше ангажман во управното тело на Формула 1, што предизвика бурни реакции.

Булие вели дека Ferrari не само што го прекршиле договорот со ангажирањето на Меки, туку дека не е во ред да го започне својот ангажман во Маранело во септември бидејќи е прерано.

“Многу сме незадоволни од фактот што уште еден вработен во ФИА беше ангажиран од страна на Ф1 тим. Особено поради фактот што на последниот состанот на Стратешката Група во Ф1 беше договорено дека ниту еден Ф1 тим не треба да ангажира вработен во ФИА со некоја важна техничка улога најмалку 12 месеци по завршувањето на неговата функција во управното тело на спортот.” – изјави Булие.

“Ferrari не го испочитува овој џентлменски договор бидејќи ФИА не го спроведе во пракса.” – додаде тој.

 

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *