Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Mercedes им понудил договор на Фетел и Ферстапен!

F1: Mercedes им понудил договор на Фетел и Ферстапен!

Стручниот советник на Aston Martin Red Bull Racing, др. Хелмут Марко, ја открива причината поради која што Луис Хамилтон сеуште го нема продолжено договорот со Mercedes.

Марко вели дека Хамилтон ja “подигнал својата цена”откако дознал дека неговиот тим Mercedes AMG F1 се обидел да потпише договор со Себастијан Фетел и Макс Ферстапен. Додека сите го чекаме објавувањето на новиот договор помеѓу Хамилтон и Mercedes, советникот на Red Bull вели дека задоцнивањето се случува бидејќи Хамилтон бара повеќе пари.

“Тото (шефот на Mercedes F1 тимот) се обиде да потпише договор со Фетел и Ферстапен, но и двајцата го одбија. Се разбира дека Луис ја знае оваа информација, па затоа се реши да ја подигне својата цена.” – изјави Марко за германскиот “Билд”.

Пред почетокот на првата трка во Австралија, Хамилтон даде изјава за продолжувањето на неговиот договор со Mercedes:

“Водиме преговори и ќе продолжиме да ги водиме. Преговорите се одвиваат во многу релаксирана атмосфера бидејќи Mercedes знае дека сум лојален на својот тим, а и тие ја изразија својата лојалност кон мене.”

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *