Wednesday , January 22 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Mercedes се загрижени за трошењето на меките гуми на W09

F1: Mercedes се загрижени за трошењето на меките гуми на W09

Mercedes AMG F1 тимот се чувствува целосно подготвен за првата трка во Австралија и единствената загриженост за нивниот нов болид е неговото однесување со меките гуми.

Тимот од Бракли многу успешно ја комплетираше својата тест-програма на Каталуња и едниствено што не тестираа се новите хипер-меки гуми. Но во овој тим постои загриженост за трошењето на меките гуми на нивниот нов болид W09.

“Успеавме да извлечеме многу добри перформанси од медиум и тврдата компонента, но сеуште имаме проблеми со меките компоненти. Се надеваме дека ќе биде поразлично на првата трка во Австралија бидејќи овде во Барселона патеката има нова подлога и асфалтот е поабразивен.” – изјави Ботас.

“Ова беше навистина позитивен тест. Ја поминавме целата програма и издржливоста на нашиот болид е одлична. Задоволни сме од собраните информации. Сеуште е тешко да се процени каде сме во однос на Red Bull и Ferrari, но тоа ќе го знаеме дури по првата трка во Австралија. Единствен проблем се меките компоненти и нивното трошење.” – изјави Хамилтон.

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *