Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Pirelli ќе ги менува гумите за да му угоди на Mercedes!

F1: Pirelli ќе ги менува гумите за да му угоди на Mercedes!

Поради проблемите на Mercedes со новите гуми на претсезонските тестирања во Барселона, Pirelli се реши да направи измени во компонентите на три трки до Ф1 календарот.

Ривалските тимови на Mercedes не ја разбираат и не се согласуваат со одлуката на Pirelli.

За време на претсезонските тестирања во Барселона, новите гуми на Pirelli буквално распукуваа поради прегревање не некои од болидите. Најпроблематичната компонента беше меката (одбележана со жолта боја), а најмногу проблеми од тимовите имаше Mercedes. Првично, од Pirelli не беа загрижени за овој проблем мислејќи дека причината за него е новата подлога на патеката Каталуња.

Сепак, проблемот се повтори и на вториот тест, поради што Mercedes побара од италијанскиот добавувач на пневматици да направи промени на своите гуми.

Pirelli го послуша барањето на Mercedes и ќе ги модифицира своите гуми на три трки од овогодинешниот Ф1 календар. Основниот гумен слој на пневматиците ќе биде намален за 4 милиметри на трките во Британија, Шпанија и Франција. Со ова намалување на слојот, ќе се намали и тежината на гумите за 1 килограм, поради што ќе мора да се балансира тежината на болидот со баластот.

Повеќето од ривалските тимови не гледаа потреба за оваа промена и не се согласуваат со Pirelli. Но, италијанскиот добавач на пневматици во Ф1 вели дека оваа промена била направена од безбедносни причини, а не за да се фаворизира некој тим.

 

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *