Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Porsche во Формула 1 од сезоната 2021?

F1: Porsche во Формула 1 од сезоната 2021?

Поранешниот Ф1 возач Герхард Бергер открива дека Porsche планира да влезе во Формула 1 од сезоната 2021-ва доколку се задоволни од новите правила за агрегати.

Под водството на “Либерти Медија”, акционерите во Формула 1 подготвуваат нови правила кои што ќе стапат на сила од сезоната 2021-ва. Овие правила имаат за цел да ги намалат трошиците и да ги поедностават агрегатите, со цел да привлечат повеќе производители и да го направат повозбудлив овој спорт.

Бергер во своето интервју за германскиот “Ауто Билд” вели:

“Porsche серизно размислуваат за влез во Формула 1 од сезоната 2021-ва. Тие чекаат на новите правила за агрегатите кои што мораат да бидат готови до мај, по што ќе го донесат конечно решение.”

Овој германски производител беше дел од Формула 1 циркузот од 1957 до 1964 година, кога стигнаа до само една победа со американскиот возач Ден Гурни на Француското Гранд При во 1962-та.

Во 1983-тата, Porsche се врати како добавувач на агрегати на McLaren. Турбо моторите на Porsche беа ребрендирани во TAG (како што сега тоа го прави Red Bull со моторите на Renault) и доминираа во спортот во следните 3 години. Тие успеаа да стигнат до 25 Гранд При победи, да освојат три возачки и две конструкторски титули благодарение на Алан Прост и Ники Лауда.

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *