Wednesday , January 22 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Red Bull и Honda официјално ги започнаа преговорите за соработка од 2019-та

F1: Red Bull и Honda официјално ги започнаа преговорите за соработка од 2019-та

Тркачкиот советник на Red Bull Racing, Хелмут Марко, и моторспорт директорот на Honda, Масахи Јамамото, во саботата во Баку ги започнаа преговорите за можна соработка од следната сезона.

Red Bull во овој момент ги користи моторите нa Renault, а нивната соработка започна уште во 2007-та. Но, во последните неколку години нивните односи се заладени поради лошите перформанси на Renault. Тоа беше причината за на крајот од минатата сезона да решат нивниот јуниорски тим Toro Rosso да започне соработка со Honda, со што од близу можат да го следат развојот на нивниот мотор.

Renault не се покажаа баш најдобро од почетокот на оваа сезона, што ги иницираше Red Bull да започнат преговори со Honda.

“Ова беше нашиот прв состанок и на него разговаравме за условите на двете страни, што можеме да очекуваме едни од други. Ова беше првата дискусија и беше многу позитивна. И двете страни беа задоволни бидејќи имаме многу добар меѓусебен однос. Сепак, ова е само прв официјален состанок, што претставува добра стартна точка за потенцијална соработка.” – изјави Јамамото.

“Документите за можната соработка мораме да и ги презентираме на ФИА најдоцна до 15-ти мај. Тоа е она за што почнавме да дискутираме и мора се да помине во најдобар ред. Времето што ни останува сакам да го искористам за разговори со бордот на Honda, пред да ги продолжам преговорите со Red Bull и да продолжиме со превземање на следните чекори. Уште кога се вративме во Ф1, нашиот план беше да соработуваме со повеќе тимови, а не само со еден” – додаде тој.

Можниот договор помеѓу Red Bull и Honda би бил за следните две сезони бидејќи сеуште не се дефинирани промените на правилата што ќе стапат на сила од сезоната 2021-ва.

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *